Посета на Заменик министерот за култура

Во работна посета на НУ Конзерваторски центар - Скопје беше заменик министерот за култура на Република Северна Македонија г-дин Владимир Лазовски. На средбата г-дин Лазовски беше запознаен и информиран за степенот на реализација на конзерваторско-реставрацискиот Проект Аквадукт -Скопје согласно Динамичниот план 2019-2021 кој беше доставен до Министерството за култура - Сектор заштита на културното наследство , како и за тековното работење на установата по програмски и вонпрограмски проекти и активности.




