Протокол за сорaботка помеѓу Државниот архив на Република Северна Македонија и НУ Конзерваторски центар Скопје

Потпишан Протокол за соработка помеѓу Државниот архив на Република Северна Македонија и НУ Конзерваторски центар Скопје. Директорот на Државниот архив на Р.Северна Македонија д-р Емил Крстевски потпишавме Протокол за соработка кој опфаќа форми меѓу кои: Подготовка и реализација на проекти и програми од областа на културата, образованието и науката - Заедничко организирање на конференции семинари советувања,промоции,изложби и сл. - Континуирана размена на публикации и книги во издание на страните потписнички - Обезбедување на пристап до библиотеките и од архивите за вработените во двете институции и т.н. Овој Протокол за соработка е од огромен значај за НУ Конзерваторски центар Скопје со со што ќе се овозможи пристап до архивска документација во делот на заштитата на културното наследство.



