ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2020 за вработување на неопределено работно време за 2 (две) лица даватели на услуги
НУ Конзерваторски центар - Скопје објавува оглас за вработување на 2 (две) лица даватели на услуги на следните работни места:
- КУЛ 03 04 Д03 003 Стручен работник за градителско наследство - конзерватор, Одделение за градителско наследство, Сектор за конзервација и ревитализација ....................................1 извршител
- КУЛ 03 04 Д03 003 Стручен работник за статика - конзерватор,
Одделение за градителско наследство, Сектор за конзервација и ревитализација ....................................1 извршител Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите (1 и 2) се: - да е државјанин на Република Македонија, - активно дa го користи македонскиот јазик, - да е полнолетен, - да има општа здравствена способност за работното место и - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови за работното место под бр.1 - За нивото Д03 - да има завршено ВСП или 240 кредити по ЕКТС – архитектура, урбанизам и планирање; со работно искуство до една година Посебни услови за работното место под бр.2 - За нивото Д03 - да има завршено ВСП или 240 кредити по ЕКТС - градежништво и водостопанство; со работно искуство до една година. Распоред на работно време за работното место бр.1 и бр.2: - Работни денови понеделник - петок, 40 работни часови неделно , работно време од 08:30 до 16:30 Паричен бруто износ на плата за работните места под реден број 1 и бр.2 изнесува 43,356,00 денари, односно нето износ од 28.917,00 денари. види Симни
