ГОДИШЕН ПЛАН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА за 2024 година

Националната установа Конзерваторски центар - Скопје, во функција на продолжување на борбата против корупцијата и судирот на интереси, го изработи овој програмски документ во кој се апострофирани значајни компоненти, кои треба да се спроведат во тековната 2024 година. Програмскиот документ ги утврдува приоритетните цели како и мерките и активностите што НУ Конзерваторски центар - Скопје треба да ги преземе за нивна реализација и креирање на соодветни политики кои треба да дадат резултати при постигнување на целите на оваа програма.


