Меѓуинституционалните соработки сo Филозофскиот факултет

Меѓуинституционалните соработки се клучот за развој и унапредувањето во работење на установата и денес заедно со Деканот на Филозофскиот факултет Проф.д-р Ратко Дуев го потпишавме Меморандумот за соработка со што ќе се стремиме кон остварување на следните цели: - Взаемна размена на информации, знаења и искуства од областа на археологијата, историјата на уметност, историјата и историјата со архивистика - Учество, соработка и реализација на заеднички проекти Создавањето на атмосфера на меѓусебна почит и меѓусебна доверба е заеднички интерес особено кога се работи за реализирање на практична работа на студентите, научни и студентски конференции обуки, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини.



