Споменично културно наследство - Вилаетски конак " Уќумат"

Стручен тим од НУ Конзерваторски центар - Скопје направи увид во состојбата на споменичното културно наследство од турскиот период - Вилаетскиот конак " Уќумат " во Скопје, административна зграда изградена кон крајот на 19-тиот век , каде што била сместена највисоката вилаетска управа. Вилаетскиот конак е изграден во ист период кога е изградена и Старата турска пошта во духот на исламската архитектура. Зградата претрпе посериозни оштетувања за време на земјотресот во 1963 година при што подоцна е повторно реконструирана.



