Европски денови на културното наследство 2022

По повод одбележување на Европските денови на културното наследство 2022 година ,, Одржливо наследство " во деновите од 22 - 28 Септември 2022 година , НУ Конзерваторски центар Скопје овозможува бесплатен влез за посетителите во црковниот комплекс " Свети Спас " со посета на - Поставката на Гоце Делчев - црквата Свети Спас со презентација на нашето културно наследство и историско минато .


