" Округла зграда и шалтер сала / Централна пошта "

Стручен тим од НУ Конзерваторски центар - Скопје денес направи Увид во состојбата на објектот Централната пошта " Округла зграда и шалтер сала ". Извештајот од направениот увид со пропратна евидентирана фото-документација ќе се вгради во изработката на Елаборат за валоризација на објектот Управна зграда - Дирекција ( т.н. " Округла зграда и шалтер сала / Централна пошта " ) на АД за поштенски сообраќај " Пошта на Северна Македонија ".



