За нас

Историски развој на НУ Конзерваторски центар – Скопје и негови надлежности

Република Македонија, Национална установа, Конзерваторски центар – Скопје, со седиште на ул.Макарие Фрчковски бр.8, Скопје, е национална установа која е основана во 1963 година и досега има претрпено неколку измени.

Имено, на 19.03.1963 година, Народниот одбор на општината Кале донесува Решение за формирање на Завод за заштита на спомениците на културата “Кале”, со цел да врши заштита на спомениците на културата на подрачјето на општина Кале.

На 24.11.1966 година, Градското собрание на Скопје го презема правото на основач на Заводот за заштита на спомениците на културата “Кале” со предходна согласност на Собранието на општина Кале, и Заводот се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје.

Во 1978 година по усогласувањето со Законот за здружен труд истиот се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје Ц.О. Скопје.

На 21.05.2004 година по донесувањето на Одлуката бр.23-5574/1 од 22.12.2003 година за утврдување на мрежата на националните установи од областа на културата од страна на Владата на Република Македонија и усогласување со Законот за култура, установата се преименува во Национална установа – Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје – Скопје.

Последната промена е извршена на 16.05.2005 година кога установата е пререгистрирана согласно Законот за заштита на културното наследство и називот гласи: Република Македонија, Национална установа, Конзерваторски центар – Скопје.

Согласно Законот за заштита на културното наследство установата ги врши следниве работи:

  1. Ги проучува, истражува и со научни методи ги обработува прашањата од областа на заштитата на недвижното културно наследство;
  2. Изработува стручни елаборати за валоризација и ревалоризација на недвижните добра;
  3. Изработува заштитно-конзерваторски основи за потребите на просторните и урбанистичките планови;
  4. Врши археолошки истражувања на објектите што се предмет на конзервација;
  5. Врши конзерваторски истражувања и други истражувачки работи за заштита на недвижното културно наследство;
  6. Изработува конзерваторски проекти;
  7. Врши стручна контрола на конзерваторските проекти изработени од други овластени правни и физички лица;
  8. Врши и организира изведувања на конзерваторско-реставраторски и други работи на непосредна заштита, уредување и презентација на заштитените недвижни добра;
  9. Врши конзерваторски и друг вид стручен надзор над спроведувањето на мерките за заштита на недвижното културно наследство согласно со Законот за заштита на културното наследство;
  10. Врши стручни експертизи и процена на штета на заштитените недвижни добра;
  11. Ја следи состојбата на недвижното културно наследство кое се наоѓа на подрачјето на општините за кои е месно надлежен и за секоја промена на заштитено добро ја известува Управата во рок од два дена од денот на констатирањето на промената.
  12. Дава стручна помош на имателите на заштитените добра;
  13. Издава публикации и врши популаризација на недвижното културно наследство и негова заштита;
  14. Врши непосредна заштита и на движното културно наследство кое му е доверено од надлежната јавна установа за заштита или од друг имател на такво добро;
  15. Управува со недвижното културно наследство во државна сопственост, за кое му е пренесено правото на користење;
  16. Врши и други стручни работи што му се ставени во надлежност со Законот за заштита на културното наследство како и со друг закон.

Конзерваторскиот центар горенаведените дејности ги врши за подрачјето на општините на градот Скопје (Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Бутел, Аеродром, Чучер Сандево, Чаир, Шуто Оризари, Гази Баба, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани, Сопиште и Кисела Вода).