ТЕРЕНСКИ УВИД НА МАНАСТИРСКИТЕ ЦРКВИ СВЕТИ НИКИТА-БАЊАНИ, СВЕТИ АРХАНГЕЛ И МИХАИЛ-КУЧЕВИШТЕ, СВЕТИ СПАС - КУЧЕВИШТЕ, СВЕТИ НИКОЛА ЉУБОТЕН

Континуирано продолжуваат теренските увиди на профаните сакрални градби кои се дел од културното наследство. Направени се увиди од страна на стручен тим од НУ Конзерваторски центар - Скопје на манастирските цркви Свети Никита - село Бањани , Свети Архангел и Михаил - село Кучевиште , Свети Спас - село Кучевиште и Свети Никола - село Љуботен. Теренските увиди се основ за изработка на проекти во делот на архитектурата , на фреско живописот но и околните пропратни градби како што се конаците и камбанариите како дел од манастирските комплекси. Таков е случајот со конаците во црковниот комплекс Свети Никита - с. Бањани за чија цел е изработен Проект за обнова на конаците како и за црквата Свети Никола - с. Љуботен за кој се работи на изработка на архитектонско проектно решение за постојната состојба со поставување на транзени и внатрешно малтерисување како и реализација на проектот за конзервација и реставрација на зидното сликарство.



